Фараонот на полското кино

Јежи Квалерович (1922-2007) несомнено припаѓа во групата на најпознатите на светот полски филмски мајстори. Кажимјеж Куц го нарече „виртуоз на повоената генерација режисери“. Уметноста на Кавалерович не може да се смести во рамките на еден стил или уметничко движење, таа се карактеризира со извонредна разновидност. Идниот автор на „Воз“ студирал на Академијата за Ликовни уметности во Краков, а после тоа во Институтот на филм – училиште, во која што се зачнува почетокот на филмската школа во Лоѓ. Искуство сктекнувал асистирајќи при првите повоени продукции, како што се на пример „Забранети песни“ на Леонард Бучковски или „Последената етапа“ на Ванда Јакубовска. Свое деби имал во 1951 година, порано од Вајда или Хас, реализирајќи три соцреалистички филмови. Негова четврта продукција „Сенка“ (1956) со динамична акција и ескпресивната визуелност, го најави доаѓањето на големиот мајстор.
Првиот филм на Кавалерович, кој асоцира на „полската филмска школа“ беше „Вистинскиот крај на големата војна“ (1957) – иновативна студија за траумата во логорите. Психолошката веројатност на историјата го зајакнувало гледиштето на главниот лик во неколку клучни сцени. Интересно е дека, во наредното дело режисерот некако се оддалечил од главната тема на кино во оние години – војна и окупација. „Воз“ (1959) е современа мелодрама со елементи на криминал, не е лишен од референци на „полската фимсла школа“, но снимен е без патос и непотребна драматизација. Филмот за „гладот на чувствата“, како што го нарече самиот автор. Можеше да потсетува на поезија на Антонион, што не значи плагијат, но сличности на уметничките тенденции на различните страни на железната завеса.
Почетокот на шеесеттите години донесе филмови основани во историска реалност. Уметнички необична и елегантна „Мајка Јоана од ангелите“ (1960) основана на приказни од Јарослав Ивашкјевич е драма која раскажува за забранетата љубов, која што може да спаси – или да доведе до загуба. Адаптација на романот од Болеслав Прус, „Фараон“ (1965), зборува за моќта како таква. Египет овде е само богат кадар, затоа што историјата сама во себе е универзална. Филмот беше номиниран за Оскар, што беше среќната кулминација на „златниот период“ во кариерата и уметноста на Кавалерович.
Но, тоа не означува дека после се откажал од творење на битни и храбри филмови. За повраток на „мајсторот“ во форма, се смета „Смртта на претстедателот“ (1977) – скоро документарна реконструкција на нападот врз првиот претседател на Втората Полска Република, Габриел Нарутович, и пошироко – политичката панорама на Полска веднаш по враќањето во независноста. Адаптацијата на романот од Јулијан Стријковски „Аустерија“ (1982), за снимање кое Кавалерович сонуваше уште од шеесеттите години станала гласен настан. Неверојатно сугестивниот портрет на Евреите од Источна Европа (вреди и да сеспомне дека Кавалерович потекнува од село блиску то Станиславов – денешен Ивано-Франквиск) завршува со позната секвенца на капење во река, најавувајќи го Холокаустот.
Во последен период од животот Кавалерович снимал два значајни филмови. „За што?“ (1996) базиран на приказната на Лав Н. Толстој, кое што не беше артистичко исполнување, но се запиша во историјата како важен пример на полско-руската копродукција реализирана покрај лични историски сложености. „Quo Vadis“ (2001), сонуваната суперпродукција базирана на мотиви од романот на Хенрик Шенкевич, ја затвара кинематографијата на Кавалерович. Иако естетски дискутабилна, ги привлече повеќе од четири милијони гледачи во кината.
Кавалерович активно учествуваше во политичкиот живот, но и во општествениот. Беше долгогодишен уметнички директор на групата (потоа студио) „Кадар“, ко-основач и првиот претседател (потоа и почесен претседател) на Здружението на Полски Филмски Мајстори, предавал во филмската школа во Лоѓ. Без задача да се раскажи за сите филмови на Кавалерович, треба да се каже дека тој бил уметник со многу различни уметнички интереси, кој што дефинитивно не припаѓал само во една категорија. Сигурно е дека најдобрите дела на мајсторот до денес ги разбудуваат синлните емоции, воодушевуваат со прецизноста и визуелната финеса. Тие се вистинската уметност.

Денис Вирен, филмски експерт, полско-руски преведувач

wisła

ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ

Małgorzata Szlagowska-Skulska
malgorzata@ear.com.pl

МЕНАЏЕР НА ПРОЕКТОТ

Anastazja Moshkovska
festiwal@ear.com.pl

КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМАТА

Roksana Pietruczanis
roksana@ear.com.pl

Tel.

+48 22 523 41 18